Connect with us

Фудбал

Ги сакаат милионите, но не и законите во Саудиска Арабија, дојдоа да играат фудбал, ама нема да живеат таму: Причината е забраната за алкохол

Многу светски познати фудбалери од следната сезона ќе играат во Саудиска Арабија, меѓу кои Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Калиду Кулибали, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Марсело Брозовиќ и други…

Точно е дека сите имаат потпишано договори од соништата кога се во прашање финансиите, но строгите закони кои владеат во оваа земја ги чуваат од Саудиска Арабија, па дел од фудбалерите на чело со хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ решија да не живеат во земјата каде што ќе играат. Времето ќе го поминат во Бахреин, мала земја која е на околу 100 километри од стадионите на најголемите клубови во Саудиска Арабија, а причината е што таму е дозволен ноќен живот, консумирањето алкохол и самите закони се неколку пати полабави отколку во Арабија.

Исто така, земјата е далеку поинтересна кога се во прашање туристичките понуди поврзани со хотели и ресторани. Оваа вест ја пренесе „Дејли мејл“, а ќе видиме дали фудбалерите кои заработуваат огромни суми поради алкохол и ноќен живот ќе се решат да патуваат по два часа на тренинг секој ден.