Connect with us

Фудбал

Ги стигна лигаментите веднаш штом пристигна на заем, а потоа доби и неочекуван повик

Турскиот напаѓач Ценк Тосун во моментов игра на позајмица во Кристал Палас, но јасно е дека ќе се врати во Евертон.

Евертон реши да го испрати Тосун на позајмица во Кристал Палас со надеж дека лондонскиот клуб ќе го откупи неговиот договор, но тоа нема да се случи. Турчинот пристигна во Кристал Палас на почетокот на годината, одигра пет натпревари и постигна еден гол, а потоа се случи кошмар.

28-годишниот напаѓач ги скина лигаментите на коленото пред неколку месеци и се очекува да биде надвор од теренот до ноември. Јасно е дека тој ќе се врати во Евертон во текот на летото, со кого има договор уште две години.

Во интервју за англиските медиуми, Toсун се присети на моментот кога сфатил дека тој бил сериозно повреден и морал на операција на лигаментите. Открил дека е крајно изненаден затоа што Карло Анчелоти бил првиот што го контактирал.

„Карло Анчелоти беше првиот што ме побара после сериозната повреда. Јас бев изненаден кога ми се јави. Тој беше навистина тажен за сето она што се случуваше со мене и видов колку многу се грижеше иако бев на позајмица, а не во Евертон. Тој човек тогаш покажа дека е неверојатен. Му се заблагодарив за неговата поддршка и реков дека не можам да дочекам да се вратам во Евертон и да се борам за место во тимот“, рече Тосун.