Connect with us

Кошарка

Гигантот крахира?! Фенербахче не поделил плати во 2020 година?

Кошаркарите на Фенербахче не примиле ниту една плата од почетокот на годината. Информациите кои ги пренесе „Спортандо“ повикувајќи се на интернет-страница од Грција се дека кошаркарите немаат земено плата од нова година, а последните приходи им биле во декември, 2019 година.

Бидејќи оваа година се уште не добиле ниту една плата кошаркарите решиле случајот да го пријават во Асоцијацијата на играчи во Евролигата (ЕЛПА).

Ова не е првпат Фенербахче да се поврзува со финансиски проблеми оваа сезона, но претходниот пат, претседателот Семих Езсој ги демантира сите написи.