Connect with us

Фудбал

Гигс: „Горд сум што го водам националниот тим на Велс“

Гигс беше асистент на Луи Ван Гал кога тој го водеше Манчестер Јунајтед, но си замина откако Жозе Мурињо го презеде фудбалскиот гигант.

Поранешната фудбалска легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е новиот тренер на својата матична земја Велс.

Гигс доаѓа на местото на Крис Колман, кој во ноември го презеде кормилото во Сандерленд.

Најголем ривал на Гигс за тренерската позиција беше уште една фудбалска легенда од Островот, Крег Белами.

„Не можам да дочекам да започнам со работа“, изјави Гигс.

Тој вели, водењето на националната селекција за него е од особена чест.

„Многу сум горд што ми е дадена честа да го водам националниот тим. Предизвиците кои се пред нас ме возбудуваат“, изјави Гигс.