Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Гипсот“ распука – нови 3 бода за Вардар и зацврстување на лидерската позиција

Вардар ја зацврсти својата позиција на врвот од табелата во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако денеска доминираше на домашен терен и ја совлада екиата на Ренова со 2-0.

Натпреварот имаше одлични шанси и можности за повеќе голови, но сепак тие не беа искористени и реализирани. Даниел Аврамовски и Јован Поп Златанов ја донесоа победата на Вардар со голови во 20. и 90. минута од натпреварот.

Вардар со оваа победа го потврди првото место во ПМФЛ и го искористи киксот на Академија Пандев. „Црвено-црните“ сега имаат пет бода повеќе во однос на второпласираните „пандевци“, кои ремизираа со Работнички. Ренова, пак, пет кола нема победа и е во опасната зона.