Connect with us

Ракомет

Металург поразен во СЕХА лигата на домашен терен од Горење

Ракометарите на Металург запишаа нов пораз во СЕХА лигата откако вечерва во натпревар од 6. коло загубија на домашен терен од Горење со 24:29 (14:16).

Во поголемиот дел од натпреварот гостите имаа водство, а Металург успеваше да фати резултатски приклучок. Последното водство Металург го имаше во 52. минута (23:22), но до крајот на дуелот Горење направи серија од 7:1 за втора победа сезонава во СЕХА лигата.

Најефикасен на дуелот беше Халил Јагањац со шест голови, а кај Горење Грегор Поточник постигна пет голови. Гостинскиот голман Клемен Ферлин имаше девет одбрани.

Двете екипи настапија ослабени Филип Кузмановски фалеше кај Металург, а Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ кај Горење.

На првиот натпревар одигран денеска Војводина – Мешков Брест 27:36.
Табела: Вардар 15 бодови, Мешков Брест 12, Загреб 10, Цеље 10, Татран Прешов 9, Горење 7, Металург 6, Нексе 4, Војводина 3, Динамо Панчево 3.

Facebook