Connect with us

Фудбал

„Гледав во Бенитез и размислував да го удрам во лице“.

Поранешниот голман на Ливерпул, Јержи Дудек, се потсети на моментот кога тој скоро го удри тогашниот тренер Рафа Бенитез.

Дудек, кој беше еден од клучните играчи во освојувањето на Лигата на шампионите во 2005 година, сакаше да го удри Бенитез затоа што потпиша нов голман, Пепе Реина.

Откако го загуби местото како прв голман на „Енфилд“, Дудек слушна за интересот на Келн од Бундеслигата, но тој стана фрустриран затоа што трансферот беше запрен.

„Пепе беше одличен човек, но не ми се допадна што го доведе затоа што сакав да бранам за да може да одам на Мундијалот. Келн беше заинтересиран, но неколку дена пред крајниот рок за трансфер ми се јавија и ме прашаа зошто Рафа не сакаше да разговара со нив. Јас бев изненаден затоа што мислев дека сè е договорено“, рече Дудек и продолжи:

„Следниот ден трчав после тренингот по него. Тој ми рече дека тие само понудиле заем и дека јас сум премногу важен. Потоа ми помина низ главата да го удрам во лицето. Мислев дека ако го удрам, тој ќе ми дозволи да одам во Келн“, заврши Дудек.