Фудбал
Гнабри се реинкарнира како Мики Маус
Ѕвездата на Баерн Минхен и Германија Серж Гнабри изненади многумина со новата фризура со која се појави на еден од последните тренинзи на „Бундестимот“, кој веќе неколку дена е во Катар и напорно се подготвува за својот прв натпревар на Светското првенство, кое ќе биде во среда (23.11) против Јапонија.
Напаѓачот се појави на полигонот со фризура која потсетува на цртаниот лик на Дизни – Мики Маус.
Гнабри во минатото постојано се обложувал на нестандардни фризури и интересни комбинации, но до овој момент не се појавил со ваква екстравагантна фризура