Connect with us

Фудбал

Гневот во Ливерпул не стивнува, Јирген Клоп бара да се преигра мечот со Тотенхем!

Во вторникот вечерта за прв пат во јавноста беше објавено аудиото од ВАР собата за мечот Ливерпул-Тотенхем и грешките на адреса на „црвените“ на кој му беше поништен чист гол. Зборувајќи пред натпреварот на Ливерпул во Лига Европа против Ројал Унион, Клоп реагираше на аудио снимката. Тој им рече на новинарите:

– Аудио снимката воопшто не промени ништо, не ме интересираше што се случи бидејќи го видов исходот, постигнавме гол и не се броеше. Навистина е важно да се справиме со тоа на вистински начин, бидејќи фудбалот е важен. Значи, судијата, линискиот, ВАР не го направија тоа намерно. Тоа беше очигледна грешка, имаше решение. Како менаџер на Ливерпул сакам преигрување на мечот, аргументот против сега ќе биде дека сите ќе го бараат тоа сега, но ситуацијата е без преседан. Сепак, мислам дека тоа нема да се случи, изјави Клоп.