Фудбал
„Го искинав писмото од Реал, плачев, го молев селекторот, но залудно“
Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија откри малку познати детали пред финалето на СП 2014 против Германија.
Одличниот крилен напаѓач беше на излезната врата на Реал Мадрид, трансферот во Манчестер Јунајтед беше готов, па челниците на кралскиот клуб не сакаа да ризикуваат посериозна повреда.
Ди Марија го пропушти полуфиналниот натпревар со Холандија поради проблеми со стомачните мускули, а „заканувачко“ писмо пристигна од Мадрид пред финалето на Мундијал.
„Даниел Мартинез, доктор на репрезентацијата, ми донесе писмо и рече дека тоа доаѓа од Мадрид. Знаев дека сакаат да ме продадат, а писмото веројатно беше закана за тужба ако игра во финалето, за тоа дознав подоцна. Тие знаеја дека сум повреден и дека играњето во финале ќе го уништи трансферот во Јунајтед. Го искинав, не го отворив, тоа беше финале и не се плашев од последиците. Плачев, го молев селекторот да играм, но тој го стави Енцо Перес на мое место“, рече Ди Марија за аргентинската телевизиска емисија „Podemos Hablar“.
Ди Марија се пресели во Јунајтед по Светското првенство за 75 милиони евра, но остана таму само една сезона.
Следното лето замина во ПСЖ, каде игра и денес.