Connect with us

Фудбал

„Го малтретираа, но никогаш досега не сум сретнал таква личност“ – поранешен соиграч ја открива тајната за Роналдо

Одлучноста и опсесијата на Кристијано Роналдо се причините поради кои стана еден од најдобрите фудбалери на светот, тврди негов поранешен соиграч од Манчестер јунајтед. Поранешниот француски репрезентативец, Микаел Силвестре во својата кариера имаше можност директно да соработува со Кристијано Роналдо и тој добро ги знае неговите квалитети, но ако мора да бира меѓу него и Луис Назарио Де Лима Роналдо, тогаш неговиот глас оди кај бразилската легенда.

-Тој беше незапирлив. Тогаш го нарековте „Ел Феномено“. Играв против [Лионел] Меси и играв со Кристијано во Манчестер Јунајтед, но тој [Роналдо] е нешто друго во однос на брзината. Сè е на највисоко ниво [со Роналдо]. Кристијано, можеби можете да претпоставите дека има три или четири трикови што би ги користел поголемиот дел од времето, но Рони секогаш беше нешто поразлично. Тој измислуваше работи на лице место така што не можете да го водите лево или десно, бидејќи тој ќе излезе од овие ситуации без разлика на се. Можеше да даде гол од било која позиција. Играше со една нога во одреден период од кариерата и се уште си поигруваше со дефанзивците во Европа, -истакна Силвестре.