Connect with us

Фудбал

Го одбил Реал Мадрид и заминал во Арсенал, а на состанокот во Лондон бил шокиран

Малку фудбалери постојат кои што можат да се пофалат дека го одбиле Реал Мадрид. Еден од нив е Лорен Етаме Мајер, некогашен фудбалер на Арсенал. Овој Камерунец првите професионални фудбалски чекори ги направи во шпански Леванте, каде покажал дека се работи за голем потенцијал.

Лорен во летото 1998-ма потпиша за Мајорка и тоа беше вистински потег. Одигра две одлични сезони, па во 2000-та година многу клубови се интересираа за него, но тој се одлучи за Арсенал. Во тоа време го одбил и Реал Мадрид. По 20 години, одлучи да открие што точно се случило.

-Мојот агент беше во Мадрид и имаше состанок со Хуан Ониева кој тогаш беше потпретседател. Реал навистина сакаше да ме ангажира тогаш, но не успеавме да се договориме околу неколку работи. Тогаш мислев дека ќе го изберам Реал. Тие беа навистина упорни и не престанаа додека не се согласив да дојдам во Лондон. Се сеќавам на состанокот беше и Арсен Венгер што ме изненади. Бев шокиран колку тие го сфатија сето тоа сериозно. Облекоа одела и вратоврски и беше навистина поинакво чувство. Се виде дека сакаат да ме ангажираат. Но, пресуден беше во сето тоа Арсен Венгер. Со неговото однесување покажува дека е тука поради вас. Кога потоа со него разговарав сфатив дека не згрешив што го одбрав Арсенал пред Реал Мадрид, вели Лорен.

Тој играше на позицијата десен бек. Во Арсенал се задржа седум години и два пати ја освои Премиер лигата.