Фудбал
Го освојуваа ФА купот, а сега поради коронавирусот прогласија банкрот!
Фудбалскиот клуб Виган е првиот клуб во Англија на кој кризата предизвикана од коронавирусот ќе има катастрофални последици. Клубот, кој беше стабилен член на Премиер лигата долги години, а во 2013 година сензационално го зеде и ФА Купот – банкротираше! Оваа информација денеска ја потврдија и од клубот кој се натпреварува во Чемпионшип.
Правилата во Англија се јасни, доколку еден клуб прогласи стечај автоматски му се одземаат 12 бодови, а ваков ќе биде случајот и со Виган.
Здружението на англиски лигаши (ЕФЛ) објави дека на Виган ќе му бидат одземени 12 бода. Казната ќе се применува поинаку, во зависност од тоа како Виган ќе ја заврши тековната сезона.