Фудбал
Го отпуштил Почетино и сега има образот да му побара пари
Маурисио Почетино беше отпуштен од клупата на Тотенхем минатиот ноември.
Аргентинскиот стручњак беше отпуштен после пет години и беше заменет со Жозе Мурињо.
Почетино потпиша нов договор со клубот неколку месеци пред отказот, а Даниел Леви вети дека ќе исплати 8,5 милиони фунти се додека Аргентинецот не најде нова работа.
Иако бил отпуштен од работа, Леви има образ да го замоли Почетино да се откаже од дел од уплатата. Тој побара од аргентинскиот стручњак да се откаже од платата и со тоа да му помогне на клубот.
Ќе видиме што ќе одлучи Почетино во овој случај, но навистина ова е прилично неочекуван потег од првиот човек на Тотенхем.
Почетино го водеше Тотенхем на 293 натпревари во текот на нешто повеќе од пет години и забележа 159 победи, водејќи го тимот до финалето на Лигата на шампионите минатата година.