Connect with us

Фудбал

Го платија неверојатни 222 милиони евра, а сега го продаваат за „ситниш“, Нејмар се поблиску до Челзи?!

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи се согласил да го продаде бразилскиот фудбалер Нејмар на Челзи за 60 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Ал-Хелаифи разговарал со претседателот на Челзи, Тод Боли, а наводно било договорено Нејмар да се пресели во лондонскиот клуб на крајот од сезоната.

Бразилскиот фудбалер пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, но не успеа да му го донесе на клубот од Париз трофејот во Лигата на шампионите.

Првиот човек на Париз наводно му е лут на Нејмар, откако бразилскиот фудбалер отиде на покер турнир по поразот на ПСЖ од Баерн (0:1) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Нејмар кариерата ја започна во Сантос, а во 2013 година се пресели во Барселона. Сезонава за ПСЖ одигра 28 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 голови.