Connect with us

Други спортови

Го победи ракот, па во Пекинг на Олимписки игри освои златен медал

Репрезентативецот на Канада во сноуборд, Макс Паро, го освои златниот медела на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината слопстајл.

Паро, пред четири години во Пјонгчанг, го освои сребрениот медал во оваа дисциплина. 10 месеци по Игрите во Јужна Кореја му беше дијагностициран Хочкиновиот лимфом. По шестмесечна хемотерапија тој успешно му се врати на сноубордингот.