Connect with us

Фудбал

Го прашаа Анчелоти што мисли за големото засилување на Реал, а тој одговори: Кој Тони? (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа загуби на гостувањето кај Манчестер Сити со 4:3 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб не блесна премногу на „Етихад“ синоќа, но секако можат да бида задоволни од резултатот, иако беа поразени со 4:3. Сити пропушти неколку огромни шанси кои Реал жестоко ги казни. По натпреварот во центарот на вниманието беше Карло Анчелоти, кој даде изјава за официјалниот канал на Лигата на шампионите.

Новинарот го праша Анчелоти како ја коментира информацијата дека Реал Мадрид веќе договорил едно големо засилување, а Антонио Рудигер кој ќе дојде од Челзи на лето ќе го засили кралскиот клуб.

Анчелоти се правеше дека воопшто не знае за што се работи, а потоа се пошегува прашувајќи го новинарот кој е играчот, што за многумина е јасен знак дека Рудигер е навистина блиску до потпис за Реал Мадрид.

„Тони Рудигер? Кој е Тони? Кој е тоа?“, рече Анчелоти на шега и се насмеа, а потоа додаде: „Тој сепак е играч на Челзи, навистина не можам да ви кажам ништо за тоа во моментов“.