Connect with us

Фудбал

Го прашаа Ибрахимовиќ кој бил најдобриот со кој играл, на Меси не ни помисли, одговори како од топ и ги изненади сите

Одличниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ неодамна одлучи да стави крај на фудбалската кариера, но тоа не значи дека престана да ја интригира јавноста. Така тој во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ одговори на неколку кратки прашања, но и тоа беше доволно да се крене прашина. Особено затоа што на прашањето за најдобриот играч со кој играл во текот на кариерата, не ни помислил на Лионел Меси. Тие двајца минаа само една сезона во Барселона (2009/10), по што Пеп Гвардиола одлучи дека Ибрахимовиќ не се вклопува во неговите замисли, фудбалски и карактерно. Го исфрли од клубот, односно го „врати“ во Италија, каде што Швеѓанецот вели дека играл со многу подобар фудбалер.

Ако се прашувавте кои фудбалери играа за Јувентус, Интер и Милан, во кои играше Ибрахимовиќ, тешко дека на памет ви паднал истиот одговор како Швеѓанецот. Тој одговори – Патрик Виеира. Поранешниот одличен француски репрезентативец, познат како деструктивец на противничката игра, најмногу го импресионирал Златан во дресот на Нероаѕурите.