Фудбал
Го прашаа Куман дали има посебен план да го запре Роналдо, а тој даде чуден одговор
Португалија и Холандија вечерва на стадионот „Драгао“ ќе го одиграат финалето од Лигата на нациите.
Се работи за првото финале од ова натпреварување, а Португалците се „благи“ фаворити со оглед на тоа дека завршницата на овој турнир се игра во нивната држава.
Португалија до финалето дојде со победа над Шведска со резултат од 3:1, а сите три гола ги постигна Роналдо.
Холандија после продолженијата беше подобра од Англија и издвојува победа од 3:1. Селекторот на репрезентацијата зборуваше на прес конференцијата во пресрет на натпреварот.
Новинарите му поставиа прашање дали има некој посебен план како да го запре Кристијано Роналдо, а тој кратко одговори „Не“ и така ги насмеа сите новинари.
„Знам дека е еден од најдобрите и најдобрата работа во фудбалот е дека не можете да го запрете сто посто затоа што некогаш е предобар и тоа е добрата страна во фудбалот“.
„Кога секогаш би можеле да ги запрете играчите како Меси и Роналдо, тоа не би била добра работа за фудбалот. Но, ги знаеме квалитетите на тој играч и секако дека мора добро да се браниме. Кога ја имаме топката мораме да биде добро организирани, но тоа нема да биде игра „еден на еден“ затоа што не го сакаме тоа“, рече Куман.