Connect with us

Фудбал

Го преживеа катастрофалниот земјотрес, а сега потпиша за Галатасарај, емотивно обраќање на канадски фудбалер (ВИДЕО)

Канадскиот фудбалер Сем Адекугбе му се приклучи на Галатасарај на позајмица од Хатајспор во четвртокот, откако 28-годишниот лев бек ги преживеа големите земјотреси што ја погодија јужна Турција минатата недела. Поради катастрофаја која ја доживеа, неговиот досегашен клуб Хатај го откажа натамошното учество во турската Суперлига.

Во соопштението, Галатасарај рече дека двата клуба се согласиле на привремената преселба на Адекугбе во клубот од Истанбул и дека дефанзивецот од Канада ќе игра за Галатасарај до крајот на сезоната 2022-2023.

Галатасарај може да го направи договорот постојан за трансфер од 1 милион евра. Во емотивното видео на Твитер страницата на Галатасарај, Адекугбе, кој изгледаше вознемирен, им се заблагодари на двата клуба и ги повика луѓето да пружат поголема помош за погодените од катастрофата.

„Благодарен сум на Хатај и Галатасарај што ми ја дадоа оваа можност. Но, се разбира, ја разбираме ситуацијата што се случи во последната недела“, рече тој.