Connect with us

Фудбал

Го продал златниот медал, за да има за кокаин, исповед на бразилски фудбалер

Можел да има се. Беше на врвот на светот како фудбалер. Но, ескпресно падна во темната моќ на кокаинот. Бразилскиот фудбалер Флавио Донизете денеска е целосен анонимус. Има 36 години, многумина на таа возраст се уште активно играат. Кокаинот потполно го уништи.

-Пред 15 години бразилскиот Сао Паоло стана светски клупски првак. Меѓу играчите беше и Флавио Донизете, кој доби златен медал. Пет години подоцна го продал, за да купи кокаин.

-Го продадов за да имам пари за кокаин. Го продав за 7 илјади реали (околу 1.160 евра). Се вратив дома и се дрогирав. Прво би го растурил домот, па потоа би го средил. И така 20 пати во еден ден. За два дена се потрошив. Така беше цело време, што повеќе имав пари, повеќе трошев на кокаин, вели Донизете за „Рекорд“.

Во 2005-та година во финалето беше на клупата. Малку недостасуваше да заигра.

-Требаше всушност да одам на позајмица. Но, на тренинг се повреди Алекс Бруно, па ми рекоа да ги спакувам коферите и дека ќе одам на Светско клупско првенство. Бев пресреќен, се спакував, патувавме со бизнис класа. Но, до финалето Алекс Бруно се опорави, па мечот го следев од клупата, вели тој.

Последната година ипол Флавио е чист. Одлучен е никогаш повторно да не се случи истото.

-Најголемата жал во животот ми е што пробав кокаин. Потполно ме скрши, вели Флавио Донизете во интервју за „Рекорд“.

Во 2005-та Сао Пауло во финалето на Светскиот клупски куп го совлада Ливерпул со 1:0.