Connect with us

Фудбал

Го пропуштаат ФА Купот: Гвардиола и Дајч се позитивни на Ковид

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и неговиот колега од Барнли, Шон Дајч се позитивни на коронавирус.

Во вторникот беше откриено дека 50-годишниот стручњак и неговиот помошник Хуанма Лило биле заразени со вирусот.

Гвардиола е во изолација и нема да може да го предводи тимот на натпреварот од третото коло на ФА Купот против Свиндон, кој се игра во петок од 21.00 часот. Се очекува наместо шпанскиот стручњак тимот да го води неговиот помошник Родолфо Борел.

Што се однесува до Дајч, тој исто така нема да може да го води Барнли кој в сабота од 13.30 часот ќе игра против Хадерсфилд.

Премиер лигата во понеделникот соопшти дека во периодот од 27 декември до 2 јануари биле направени 14.250 тестови на Ковид-19, како на играчите, така и на останатиот персонал, а бројот на позитивни тестови е 94.