Connect with us

Фудбал

Го сака половина Европа, но аргентинското чудо веќе го избра Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед во јануари ќе направи одредени промени во играчкиот кадар, а на „Олд Трафорд“ се очекува да дојдат неколку засилувања.

Англиските медиуми веќе извесно време пишуваат дека Единсон Кавани во јануари ќе го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од статусот во англискиот клуб, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Кавани веќе договорил се со Каталонците, а останува само да се постигне договорен прекин на соработката со „Црвените Ѓаволи“.

За Јунајтед нема да биде проблем заминувањето на Кавани бидејќи веќе најде замена за Уругваецот. Станува збор за одличниот 21-годишен напаѓач Џулијан Алварез кој ги воодушеви сите со своите игри во дресот на Ривер Плата.

Алварез дебитираше за првиот тим на Ривера на почетокот на 2019 година и покажа дека е навистина голем талент.

За овој Аргентинец интерес покажаа неколку европски великани, но според „The ​​Sun“ тој е на чекор од доаѓање во Манчестер Јунајтед.

Наводно и Алварез се согласил да ја продолжи кариерата на „Театарот на соништата“, па останаа уште клубовите да се договорат за обештетувањето. Според првите информации Јунајтед за овој Аргентинец ќе плати околу 20 милиони евра.

Алварез оваа сезона за Ривер Плата одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна дури 24 гола и додаде 15 асистенции. Дебитираше и за репрезентацијата на Аргентина, за која забележа пет настапи.