Connect with us

Фудбал

Го сакаат многу великани, но дали Ливерпул е неговата следна дестинација?

Марсело Брозовиќ игра одлично во дресот на Интер во последно време и ќе биде тешко за овој клуб да го задржи.

Многу великани би биле задоволни да го потпишат репрезентативецот на Хрватска, а Ливерпул е најголемиот фаворит.

„Агентот на Брозовиќ беше контактиран од Ливерпул за да ги договори сите детали за негово доведување. Интер се обиде да го задржи играчот, но не успеа“, пишува „Либер“.

Италијанските медиуми тврдат дека има уште неколку екипи, меѓу кои и Реал Мадрид, кои се сериозни кандидати за Брозовиќ.

Сепак, фаворит е Ливерпул, а работата е скоро завршена бидејќи Клоп навреме реагираше и гарантираше дека е доведен Брозовиќ.