Connect with us

Тајмаут

Го сакав Коби како помлад брат, тој беше сила … Џордан скршен по веста за смртта на Брајант

Веста го остави и „постариот брат“ на Брајант во шок.
Легендата во НБА и веројатно најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, се огласи по трагичната смрт на Коби Брајант.

Оваа вест за хеликоптерска несреќа во која, според многумина, вториот најдобар кошаркар, зад Џордан, го потресе целиот спортски свет.

Џордан се огласи преку соопштение, преку неговиот менаџер за односи со јавност, Ести Портној.

„Јас сум шокиран од трагичната вест за смртта на Коби и Џиана. Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам. Го сакав Коби, тој ми беше како помал брат за мене. Разговаравме често и многу ќе ми недостасуваат овие разговори. Тој беше ужасен конкурент, еден од најголемите во оваа игра и беше креативна сила. Коби исто така беше неверојатен татко кој длабоко го сакаше своето семејство и беше горд на љубовта на својата ќерка кон кошарката. Ивет ми се придружува во изразувањето на моето најдлабоко сочувство до Ванеса, Лејкерс и љубителите на кошарката ширум светот“ напиша Џордан, пренесувајќи Портној.

Џордан доминираше во НБА лигата во време кога Брајант влезе во лигата директно од средно училиште. Тој во неколку наврати се шегуваше дека Коби „украл“ многу од неговите потези и „пред се“, заради оваа сличност, многу љубители на кошарката сметаат дека Брајант е единствениот наследник на Џордан.

Брајант зад себе остави три други деца и неговата сопруга Ванеса.