Поврзи се со нас

Други спортови

Го убил познатиот боксер па телото го запалил – Србин осуден за ова језива ликвидација!

Швајцарски суд осуди српски државјанин (37) на 16 години затвор за убиство на боксер од Јагодина, Бранислав Бане Илиќ, чие јагленосано тело го пронашол случаен минувач во шума во Сент Гален.

На 16 јули 2017 година, случаен минувач го пронашол јагленисаното тело на еден човек во шума во близина на Пулверсхаус во кантонот Тургау, а покрај него биле пронајдени и некои лични предмети, кои исто така биле изгорени.

Полицијата преку проверки кои траеле со денови поради состојбата на телото, утврдила дека станува збор и за Бранислав Илиќ , кого неговите пријатели го познавале со прекарот Бане, инаку боксер од Јагодина.

Во источна Швајцарија, Илиќ се здоби со репутација на опасно момче и брутален „скокач“ затоа што работел во дискотеката „Флеш“ во Монтлинген (кантон Сент Гален), која има лоша репутација поради борбите што се случувале редовно, но е познат како место за собирање на Балканот.

Тој поседувал неколку илегални машини за коцкање во барови низ источна Швајцарија.

Тој бил познат и по тоа што собирал пари што другите му ги должеле на многу брутален начин, а тие информации биле показател за истражителите дека мотивот за злосторството треба да се бара во контактите и должниците на Илиќ…

Пресуда по три години

Окружниот суд во Сент Гален сега осуди 37-годишен српски државјанин на 16 години затвор за убиство, по што ќе биде протеран од таа земја на 15 години кога ќе ја заврши издржувањето на казната . Швајцарските медиуми не го откриваат неговото име.

Иако обвинетиот не сакаше да одговори на какви било прашања поврзани со злосторството за време на судењето, тој категорично негираше дека имал врска со убиството, пишува швајцарски „Блик“.

 

loading...

Facebook