Фудбал
Го загуби животот во авионска несреќа, стадионот го носи името на Емилијано Сала
Денес, 31 октомври, денот кога Емилијано Сала ќе издвои 29 свеќи за неговиот роденден, доколку тој живееше. Фудбалскиот клуб „Сан Мартин де Прогресо“ реши да го овековечи неговото име. На кој начин би прашале? Давајќи му го на стадионот името на фудбалерот кој го загуби животот во авионска несреќа. Важен гест со кој ќе се потсетуваме на поранешниот фудбалер на Нант и Кардиф.
Ќе се гради и фреска во неговиот роден град со сите погодоци што Аргентинецот ги постигна во Лига 1. Емилијано Сала ќе настапуваше за Кардиф, но малиот авион со кој патуваше од Франција до Велс, се сруши и заврши на дното на морето. Толку лоша среќа го следеше Аргентинецот, кој не можеше да го исполни новиот договор со велшкиот клуб.