Connect with us

Фудбал

Го земаа Роналдо, а сега го земаат и Манчестер Јунајтед! Клубот на продажба, еве кој подготвува милијарди!

Саудиска Арабија доставила понуда за купување на Манчестер Јунајтед, објави британски „Телеграф“. Неколку приватни групи од Ријад се официјално заинтересирани за англискиот гигант, откако во тој град пристигна Кристијано Роналдо – и тоа токму од Манчестер.

Рокот за поднесување на понудите истекува во петок, а меѓу заинтересираните наводно е и британскиот милијардер Џи Ретклиф, долгогодишен навивач на „Црвените ѓаволи“, сопственик на хемиската компанија „ИНЕОС“, која само во 2021 година имаала обрт од 65 милијарди долари.

Исто така, „Ројтерс“ објави дека група американски приватни компании се распрашува за купување на Манчестер Јунајтед. Сепак, во моментов најмногу се зборува за интересот на азиските купувачи, каде катарските богаташи наводно се подготвени да платат 5,6 милијарди евра за клубот! Дел од тој конзорциум е и поранешниот премиер на таа земја Јасим бин Џабер Ал Тани.

Во секој случај, само сигурно е дека купувањето на Манчестер Јунајтед ќе биде рекордно, па се проценува дека клубот ќе „оди“ за повеќе пари од онаа за која беше продаден Челзи, а беа вклучени и милијарди фунти.