Кошарка
Гоберт сè уште чувствува последици од коронавирусот: Лекарот ми кажа дека тоа ќе трае уште една година…
Центарот за Јута Џез, Руди Гоберт, сè уште чувствува последици од коронавирусот.
Гоберт беше првиот играч во НБА и еден од првите спортисти во светот на кој му беше дијагностициран Ковид-19, а во тоа време призна дека останал без чувство за мирис и вкус.
Денес, нешто повеќе од три месеци подоцна, тој вели дека неговото чувство за мирис сè уште не се вратило и дека лекарот го предупредил дека таквата состојба може да трае една година.
“Чувството за вкус се врати, но чувството за мирис не баш. Може да мирисам, но не од далеку. Разговарав со докторот. Тој ми рече дека тоа може да трае и до една година”, изјави Французинот.
Инаку, НБА-лигата беше суспендиран откако Гоберт беше „позитивен“ на почетокот на март, а треба да продолжи следниот месец.