Поврзи се со нас

Фудбал

Години и пари: Кога ќе се разделат Јувентус и Роналдо?

Кристијано Роналдо се опорави од коронавирусот и се врати на теренот, а против Лацио се повреди и сега го чека нова пауза.

Ова се проблеми со глуждот, а денес Португалецот ќе направи лекарски прегледи и сè ќе биде појасно.

Шпанскиот дневен Спорт денес пишува дека Јуве наскоро ќе се ослободи од Роналдо, кој има договор до летото 2022 година. Имено, Португалецот заработува 31 милиони евра по сезона, и наскоро ќе наполни 36 години.

Јасно е дека неговата возраст ќе биде товар и дека тој нема да биде стариот, а тоа ќе му донесе на Јувентус можност за финансиско олеснување и пари за некои нови засилувања, многу помлади.

Роналдо пристигна во Јувентус од Реал Мадрид за 117 милиони евра, а доби плата пет пати повисока од тогаш најскапо платениот играч на Јувентус, Паоло Дибала.

Тешко е да се очекува Јуве да му понуди нов договор на Роналдо, а пореална опција е секако да го продаде и да врати барем дел од парите.

loading...

Facebook