Други спортови
Гофин позитивен на коронавирус
Белгискиот тенисер Дејвид Гофин е позитивен на коронавирус.
Оваа информација ја потврди Гофин, а тој поради позитивен тест нема да учествува на турнирот во Санкт Петербург, кој е закажан за следната недела.
„Засега, се чувствувам добро, ќе одам во карантин и ако сè оди добро, ќе се вратам во Антверпен”, напиша Гофин на социјалните мрежи.
Треба да се додаде дека белгискиот тенисер го заврши патувањето на Ролан Гарос уште во првото коло, а по поразот од Јаник Синер изјави:
„Ми недостасува мотивација. Сега сте постојано загрижени. Пред секој турнир мислите дека може да има грешка во тестот и дали сте позитивни или негативни. Денес речиси и да немав емоции “.