Поврзи се со нас

Други спортови

Ѓоковиќ доби одобрение на АТП за новата тениска асоцијација

Лондон, 17 септември 2020 (МИА) – Светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ се состана со претседателот на Здружението на професионални тенисери (АТП) Андреа Гауденци. Србинот доби поддршка за создавање на алтернативно здружение на играчи, а Гауденци го издвои ова како „позитивно дополнување“.

Ѓоковиќ се повлече од функцијата претседател на Советот на играчи минатиот месец, заедно со Васек Поспишил, Џон Иснер и Сем Квери и најави создавање на Асоцијација на професионални тенисери (ПТПА).

– Се сретнав со Андреа, разговаравме повеќе од два и пол часа. Немаме проблеми, секогаш сме имале многу транспарентни и отворени односи, рече Ѓоковиќ.

Србинот додаде дека веќе добил поддршка од повеќе од 200 играчи.

– Никогаш не сме рекле дека сакаме да бојкотираме или отцепиме од АТП или слично. Сакаме да работиме заедно за да создадеме уште подобар производ, додаде Србинот.

Advertisement