Други спортови
Ѓоковиќ доби остра порака од Австралија!
Се уште не се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен.
Ѓоковиќ пред неколку дена беше на натпреварот од Евролигата меѓу Црвена Звезда и Барселона, а денеска доби нова остра порака од Австралија.
Невакцинираните тенисери нема да можат да настапат на првиот Грен слем сезонава, барем така беше досега. Но, сега се појави услов за невакцинираните.
Имено, доколку стручната комисија составена од лекари од областа на имунологијата, инфективните болести и општата ординација, процени дека може да игра невакциниран тенисер, тогаш ќе добијат зелено светло од организаторите на турнирот.
Не е познато дали српскиот тенисер бил вакциниран или не. Во меѓувреме популарниот Ноле доби остра порака од Австралија.
На Ѓоковиќ индиректно му се обрати Мартин Пакула, министерот за спорт на сојузната држава Викторија, каде што ќе се игра Австралија опен.
„Доколку реши да не се вакцинира и неговиот случај не биде прифатен во стручната комисија, нема да игра на Австралија опен. За да влезе на турнирот, мора да има добар изговор да го објасни невакцинирањето“, изјави за локалните медиуми Пакула.
„Ако луѓето мислат дека го направивме ова за да му дадеме шанса на Новак да игра, многу грешат. Сите што учествуваат мора да бидат вакцинирани или да имаат значајна причина зошто не го направиле тоа. Не зависи од мене, ниту од премиерот или кој било друг политичар, да одлучи кој ќе игра, ќе биде оценет од експертска комисија“, додаде тој.
Австралија опен е закажан за 10-17 јануари. Во минатото издание славеше токму Ѓоковиќ.