Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ добри забрана за влез во САД

На Новак Ѓоковиќ не му е дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, што значи дека нема да смее да се натпреварува , објави сенаторот од Флорида, Рик Скот.

Тој напиша дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да игра во Индијан Велс и Мајами, но најважен е УС Опен, кој доколку победи, ќе му донесе предност на Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ испратил барање до САД за изземање, односно посебна дозвола за влез, но тоа било одбиено.

„Штотуку бев информиран дека американското Министерство за домашна безбедност го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и Мајами. Џо Бајден треба да го поправи тоа сега, да го даде ослободувањето и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави“, напиша Рик Скот.

Турнирот во Индијан Велс е закажан од 6 до 19 март, додека во Мајами се игра од 19 до 2 април. УС Опен е на програмата од 28 август до 10 септември, па српскиот тенисер и неговиот правен тим ќе имаат време да се борат за настап на Грен слем. Организаторите изразија желба да дојде Ѓоковиќ.