Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ елиминиран од Медведев во Синсинати

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Синсинати, српскиот тенисер во полуфиналето беше запрен од одличниот Русин Данило Медведев кој победи во три сета 3:6, 6:3, 6:3.

Ѓоковиќ одеше на педесеттиот јубилеен настап во Мастерс финалните дуели, но рускиот тенисер на крајот беше поуспешен и ќе игра против Давид Гофан за титулата.

Така Ѓоковиќ ќе изгуби нешто повеќе од 600 бодови и на новата АТП листа Надал ќе го намали заостанувањето.

„Да бидам искрен, не знам како ми успеа. Бев толку уморен после првиот сет и мислев дека нема да можам да го одржам тој интезитет против Новак. Меѓутоа во вториот сет започнав да играм одлично“, изјави Медведев.

Финалето помеѓу Медведев и Гофан се игра вечерва од 22 часот.

Извор: Нетпрес

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама