Други спортови
Ѓоковиќ го дозна противникот во првото коло на Австралија Опен
Одржана е ждрепката за овогодинешниот Австралија опен.
Големата драма се одвиваше во последните неколку дена околу настапот на Новак Ѓоковиќ на првиот Грен слем сезонава, но се чини дека Ѓоковиќ ќе настапи, ако се суди барем по ждрепката.
За прв носител беше назначен Ѓоковиќ, а за противник Миомир Кецмановиќ.
Top seed and nine-time #AusOpen champion ?? @DjokerNole begins his title defence against Miomir Kecmanovic.#AO2022 pic.twitter.com/96MAlHNElG
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 13, 2022
Ждрепката претходно беше одложена бидејќи се чекаше одлука за евентуална депортација на Ѓоковиќ, но се уште има шанси Ноле да игра на неговиот омилен турнир кој го освојуваше девет пати во кариерата и на кој ја брани титулата од минатата година. .
Поради епидемиолошката состојба, организаторите на ждрепката истакнаа дека капацитетот на трибините ќе биде намален за 50%, а оние гледачи кои ќе бидат на натпреварите ќе треба да поседуваат заштитни маски и потврда за вакцинација против КОВИД.
Претставник во главниот ждреб би можела да има и Босна и Херцеговина, со оглед на тоа што Дамир Џумхур рано утринава го игра мечот од третото квалификациско коло против Аргентинецот Марко Трунџелити, а по квалификацискиот натпревар ќе се знае во кој дел од ждрепката ќе одат најдобарите квалификанти.