Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го нападнала мистериозна болест? „Не сакам да навлегувам во детали…“

Не е Ковид, тоа е нешто друго. Не сакам да навлегувам во детали, не е потребно. Веќе неколку недели влијае на моето тело и метаболизам. Малку е загрижувачки, откри Ѓоковиќ по поразот во финалето од Белград.

Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на АТП турнирот 250 во Белград од Андреј Рубљев со 2-6, 7-6 (4), 0-6. Тој беше првиот рекет во светот на работ на пресврт, како и на претходните три меча пред домашна публика, но не освои ниту еден гем во решавачкиот сет, а недостатокот на енергија го препиша на болеста. !?

– Вака никогаш не се случило, можеби на почетокот на неговата кариера. Значи мислам дека е поврзано со некоја болест. Се чини дека времето за опоравување е подолго отколку што очекував. Не се чувствував лошо до вториот сет. Бев среќен што добив тај-брејк. Излегов по медицинскиот тајм аут и мислев дека сум подготвен за третиот сет, но имав гориво само за два-три гема – изјави Ѓоковиќ по мечот и додаде:

– Не е Ковид, тоа е нешто друго. Не сакам да навлегувам во детали, не е потребно. Веќе неколку недели влијае на моето тело и метаболизам. Малку е загрижувачки што го имам ова чувство на теренот бидејќи го немам со години.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет во низа против Џере, Кецмановиќ и Хачанов, а загуби и од Рубљев, по што во тајбрејкот го доби вториот сет, но очигледно немаше ’гориво’ за целосен пресврт. Србинот остана без титула на третиот турнир сезонава на кој настапуваше. Рубљев, пак, ја освои третата титула сезонава (11-та во кариерата), откако претходно го подигна победничкиот трофеј во Марсеј и Дубаи.

– Штета што во третиот сет останав без енергија и не успеав да пружам поголема борба. Честитки за Андреј кој долго време е на врвот на машкиот тенис. Она што можам да го кажам е дека сум уморен. Можев да испаднам и во првиот круг. Зад мене имам три тешки меча во три сета и тоа ќе ми помогне да ја продолжам сезоната. Иако ова лошо чувство ми дојде на четвртиот меч, не на првиот како во Монте Карло. Париз е целта и се надевам дека ќе бидам подготвен – заврши Ѓоковиќ.