Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го обезбеди првото место на крајот на годината!

Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како број 1, потврди последната АТП-листа објавена денес.

Ѓоковиќ во моментов е прв со 11.830 поени, скоро две илјади повеќе од второпласираниот Рафаел Надал, а Шпанецот не може да го достигне во следните два месеци.

Ова значи дека српскиот тенисер шести пат по ред ќе заврши како најдобар рекет на светот, со што се изедначува со Пит Сампрас.

Во првите 10 зад Ѓоковиќ и Надал се најдоа Доминик Тием, Роџер Федерер, Даниил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Беретини.