Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го победи Гарос и во финалето ќе се соочи со Надал

Ѓоковиќ победи на полуфиналето на Роланд Гарос против Стефанос Циципас. Иако победата не беше лесна, таа му донесе уште еден пласман во 27-то Грем слем финале во кариерата. Таму ќе се соочи со Рафаел Надал.

„Условите се различни во однос на натпреварите кои се играат во мај и јуни. Тоа може да биде шанса за мене. Топчето не отскокнува високо, над рамото, како што сака Рафа. Но, без оглед на условите, тој сепак е Рафа. Играме во финале на земјена подлога, го знам тоа чувство. Ги загубив повеќето од натпреварите против него тука, но и ја освоив титулата во 2015 година со 3-0. Тоа е натпревар што ќе го паметам и ќе се обидам да извлечам позитивни работи од него и да се обидам да ги применам тактички овој викенд.

Не се чувствувам истоштено иако игравме скоро четири часа. Мислам дека ден и половина ќе биде доволно за закрепнување. Со нетрпение ја чекам големата битка со Рафа“, вели српскиот ас.