Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го победи Кудла и се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го совлада Денис Кудла во натпреварот од третото коло на Вимблдон.

Ѓоковиќ пристигна во Лондон откако го освои Ролан Гарос и неговата цел е да ја одбрани титулата на Вимблдон со цел да ги израмни Роџер Федерер и Рафаел Надал во освојувањето на Грен слем турнирите (20).

Српскиот тенисер продолжи со добри игри и денес го победи Кудла со 3:0 во сетови.

Првиот сет траеше 35 минути и му припадна на Ѓоковиќ, кој славеше со 6:4 и поведе со 1:0. Во вториот сет Ѓоковиќ беше многу подобар, а по 43 минути игра го доби сетот со 6:3.

Сепак, во четвртиот сет Кудла многу повеќе го мачеше Ѓоковиќ. Овој сет се играше нешто повеќе од еден час, а заврши по тај-брејк.

Кудла пружи голем отпор и дојде до тај-брејк, но на крајот му припадна на Ѓоковиќ со 9:7, кој стави точка на овој натпревар.

Ѓоковиќ игра против Гарин во осминафиналето на овој турнир.

Вимблдон, 3. коло:

Ѓоковиќ – Кудла 3: 0 (6: 4, 6: 3, 7: 6)