Други спортови
Ѓоковиќ и повреден го совлада Бугаринот Димитров, два пати на мечот бараше медицинска пауза (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ го совлада Григор Димитров во третото коло на Австралија опен.
Србинот победи со 3:0, по сетови 7:6(7), 6:4, 6:4. За време на натпреварот тој двапати побара медицинска пауза.
– Секоја топка беше важна – од самиот почеток. Раната пауза беше многу важна бидејќи не знаев како ќе се чувствувам физички. Одвреме-навреме имав проблеми. Мислев дека ми е доволен двоен брејк во третиот сет, но до последниот удар не знаев дали можам да победам. Беше тоа неверојатна битка – три сета за повеќе од три часа, рече Србинот.
Ѓоковиќ игра 18. пат на Грен слемот во Мелбурн и 15. пПат се најде во втората недела. Не успеа само во 2005, 2006 и 2017 година. Тој е деветкратен шампион на турнирот.
Следен ривал му е Алекс де Минаур.
2:30 minutes of pure Novak Djokovic. pic.twitter.com/3cNMiSygqs
— José Morgado (@josemorgado) January 21, 2023