Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ излезе од притвор, го одработе првиот тренинг: Покрај се сакам да останам во Австралија и да играм тенис

Новак Ѓоковиќ продолжил да тренира набргу откако денеска беше пуштен од имиграцискиот притвор во Мелбурн, што уследи по одлуката на федералниот суд да му се врати визата за влез во Австралија, изјави неговиот брат Ѓорѓе на прес-конференцијата во Белград.

„Новак е слободен и пред малку тренираше на тениски терен. Тој дојде во Австралија за да игра тенис и да се обиде уште еднаш да го освои Австралија опен“, кажа Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се огласи на Твитер за првпат откако во средата беше притворен по поништувањето на визата.

„И покрај сè што се случи, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен, Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овдека да играм на еден од најважните настани за нас пред неверојатните фанови“, напиша тој.