Други спортови
Ѓоковиќ ќе го урне рекордот на Федерер од 20 грен слем титули
Првите резултати на тревна подлога ни дадоа до знаење дека Новак Ѓоковиќ се променил. После неговата победа над Нишикори во четвртфиналето на Вимблдон, можев да замислам како го осовјува турниро, изјави Радек Штепанек, поранешен чешки тенисер и добар пријател на Србинот.

Чехот кусо време беше и дел од стручниот штаб на новак, но соработката не беше успешна, бидејќи во тој период Србинот се уште имаше проблем со повредата на лактот.
-Ние се уште сме добри пријатели, а тој го пронајде својот пат. Може да го урне рекордот на Федерер од 20 грен слем титули. Мислам дека и ќе го направи тоа. Кога го видовнеговиот меч со Надал во полуфиналето на Вимблдон, беше тоа борба на титаните како во старите добри времиња – Новак ментално напредуваше и мислам дека се разбуди по моето заминување и заминувањето на Агаси, изјави Штепанек.
На прашањето дали му било непријатно по прекинувањето на соработката која траела неколку месеци, Штепанек одговори:
-Тоа мораше да се случи. Сите работи во животот секогаш се случуваат со причина. Се уште сме добри пријатели, тоа е најважно, заклучи Степанек.