Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Роџерс Купот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третиот круг на Роџерс Купот во Торонто по победа над канадскиот тенисер Питер Полански со 6:3, 6:4.

Ѓоковиќ имаше потреба од два брејка за триумфот, по еден на крајот од двата сета (осми и деветти), за да премине во следната етапа по 85 минути игра на теренот.

Во борбата за четвртфиналето, Ѓоковиќ чека на подобриот од мечот Доминик Тим (Австрија) – Стефанос Циципас (Грција).

„Мастерсот“ во Торонто се игра за вкупен награден фонд од 5.939.970 долари.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com