Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ лесно преку Зверев до финалето во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада Германецот Александар Зверев со 6:2, 6:1 и избори пласман во финалето на Мастерс во Шангај, Кина.

Србинот до триумфот денеска стигна за само еден час.

По овој триумф, Ѓоковиќ ќе се искачи на второто место на АТП листата пред Роџер Федерер, а зад Рафаел Надал.

Доколку Ѓоковиќ го собори рекордот и го освои својот 32. Мастерс трофеј (четврти во Шангај),  ќе му се доближи на Надал на само 35 поени.

Мастерсот во Шангај се игра за награден фонд од 7 милиони долари.