Други спортови
Ѓоковиќ направи шоу, навивачите пукнаа од смеење (ВИДЕО)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во петок ќе се сретне со својот колега и пријател Душан Лајовиќ во четвртфиналето на Отвореното првенство на Србија, а ден претходно се забавуваше на тренинг во присуство на стотина гледачи. Сите дојдоа да видат во каква состојба е лактот на Ноле, кој го мачеше последните десет дена, но можеа да здивнат бидејќи најдобриот светски тенисер беше повеќе од добро расположен и во најмала рака, се забавува на теренот. Новак тренираше заедно со сопствениот брат Марко, спаринг партнерот Карлос Гомез и кондициониот тренер Миљан Амановиќ, за по сериозниот дел се да се претвори во игра во која најмногу уживаше публиката, која „тренингот“ го проследи со насмевки и аплауз до крај.