Други спортови
Ѓоковиќ: Наскоро ќе откријам се што се случуваше во Австралија
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На средбата Ѓоковиќ порача дека најдоцна за 10 дена ќе октрие се што се случувало во Австралија, кога не му беше дозволен влез да биде дел од Австралија Опен и неколку дена беше држен во карантин, а потоа и депортиран.
-Вие како претседател на Србија и државата Србија воопшто немавте обврска да го направите тоа што го направивте, чувствувам благодарност што застанавме зад мене, што себе си се ставивте во компромитирачка политичка положба. Поради тоа многу сум ви благодарен, рекол Ѓоковиќ на средбата со Вучиќ.
Вучиќ изјавил дека имал средби со сите државници во светот, од американскиот претседател до Путин, сите европски лидери, вакво нешто не видел, толку голема заинтересираност, новинари да стојат во три-четири реда.
-Вакво нешто не се случило, а 10 години сум на разни функции во власта. Ова само говори колкава ѕвезда сте и што претставувате за нашиот народ“, рекол Вучиќ.