Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ не жали што ги пропуштил Грен слем турнирите

Новак Ѓоковиќ пропушти два од четирите Грен слем турнири оваа година поради неговиот невакциниран статус против коронавирусот, но не жали за одлуката.

Освојувачот на 21 Грен слем титула не смее да го одбрани трофејот на Австралија Опен, исто како што не играше на неодамна завршениот УС Опен. Тој нема играно од неговата победа на Вимблдон во јули.

Не, не жалам за ништо“, изјави Србинот на новинарите пред учеството на Лејвер купот во Лондон. „Тажен сум што не играв, но тоа е одлуката што ја донесов. Знаев дека ќе има последици, ги прифатив и тоа е тоа“, додаде Ѓоковиќ.

На Новак Ѓоковиќ му беше забранет влез во Австралија на три години кога беше екстрадиран од земјата, но премиерот Скот Морисон навести дека може да добие дозвола да игра на турнири порано.

„Чекам вести. Не зависи од мене, но се надевам дека наскоро ќе има позитивни вести“, изјави и Ѓоковиќ.