Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ нема да настапи во Сиднеј

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се повлече од АТП купот од репрезентацијата на Србија.

Ѓоковиќ нема да настапи на почетокот на јануари од новата година во Сиднеј, што го потврдија и организаторите.

Србија ќе ја предводи 33-от тенисер во светот Душан Лајовиќ, а во составот ќе бидат и Филип Крајновиќ, Никола Чаќиќ и Матеј Шабанов.

Не е познато дали Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен.

Два пати го освои турнирот, но услов за учество е вакцинација против коронавирус.

Ѓоковиќ не потврди дали бил вакциниран, но многумина велат дека не.

Австралија опен 2022 се игра од 17 до 30 јануари.