Други спортови
Ѓоковиќ нема да се вакцинира: „Покажа каков човек е, заслужува почит“
Новак Ѓоковиќ за три дена треба да ја започне сезоната со настап на АТП турнирот во Дубаи.
Светскиот тенисер број еден го пропушти Австралија Опен по 11-дневната драма во Мелбурн и беше депортиран, а сето тоа како епилог на невакцинирањето против коронавирус.
Српска тенисерка неодамна во интервју за „Би-Би-Си“ потврди дека не планира да се вакцинира, по цена на сите титули, што предизвика посебно медиумско внимание.
За неговата изјава се огласи и Патрик Муратоглу, познат француски тениски тренер и спортски коментатор.
„Изненаден сум од изјавата на Новак. Никогаш не би помислил дека тоа ќе биде негов избор. Сите знаеме дека се бори да биде најдобар на сите времиња. Се натпреварува со Надал и Федерер, тој е во најдобра позиција, тој е најмладиот од тројцата. Својот став дека не сака да се вакцинира, го стави пред таа трка за најдобриот на сите времиња. Исклучително е моќен. Покажа каква личност е, и мислам на тоа на позитивен начин. Тој има многу цврсти уверувања и храброст да се застане зад нив“, изјави тренерот на Серена Вилијамс и додаде:
„После се што се случи во Австралија, мислев дека ќе каже – во ред, имам големи шанси да станам најдобар на сите времиња, прифаќам вакцинација, така луѓето повеќе нема да бидат против мене. Сепак, тој одлучи поинаку. Мислам дека некој што стои зад неговите верувања, без разлика што повеќето луѓе се против него, тој заслужува целосна почит. Без разлика какво е вашето мислење за оваа тема.
Останува да видиме што ќе се случи на крајот од сето ова.